Иран го осуди нападот во Бејрут, го обвинува Израел

Loading...

Иран во саботата го осуди нападот во кој загина шефот на разузнавачките служби на либанската полиција во главниот град Бејрут. Либан, обвинувајќи го Израел дека стои зад нападите коишто либанската опозиција ги припишува на властите во Дамаск, сојузник на Техеран.
„Иран ја осудува терористичката експлозија која ја изведоа оние кои сакаат да предизвикаат поделби меѓу различните либански групи, на штета на интересите на Либан“, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Рамин Мехманпараст на официјалната интернет страница на министерството. „Без сомнение, главниот непријател на либанскиот народ е ционистичкиот режим (Израел – з.р.) кој најмногу профитира од нестабилноста и недостигот од безбедност во регионот“, додава Мехманпараст. Министерот за надворешни работи на Иран, Али Акбар Салехи ги обвини „непријателите во регионот“ дека „настојуваат да ги зголемат несигурноста за да ги остварат своите злонамерни цели“, во телефонскиот разговор од петокот навечер со неговиот либански колега Аднан Мансур. Убиениот директор на разузнавачките служби на Внатрешните безбедносни сили (FSI), Висам ал-Хасан, беше сунитски муслиман близок на поранешниот либански премиер Саад Харири, лидер на либанската опозиција која се спротиставува на сирискиот режим. Харири, пак, го обвини Дамаск дека стои зад овој атентат.
Макфакс

loading...
Loading...