Над Шведска доаѓа „крвав“ дожд

Редок метеоролошки феномен на „крвав дожд“ ќе биде забележан за време на викендов во делови на Шведска, јави во саботата шведскиот онлајн весник Local, повикувајќи се на локалните метеоролозите.
Со терминот „крвав дожд“ синоптичарите ја означуваат ретката појава, кога капките од врнежите имаат розово-црвеникава нијанса. Научниците и метеоролозите веруваат дека оваа појава се должи на акумулација на прашина во капките дожд којашто потекнува од територијата на пустината Сахара. Данските метеоролозите објавија дека слична бура со прашина од Сахара би можела да се истури со „крвави дождови“ во саботата и неделата во јужниот дел на скандинавскиот сосед Шведска. Според претставникот на шведскиот метеоролошки институт (SMHI) Јоаким Лангнер, оваа појава не е опасна, а овој дожд ќе остави само траги во вид на црвеникави дамки. „Крвав дожд“ претходно е регистриран во Шведска во интервали од околу пет години, обично тие се случуваа во пролет, вели Ленгнер. Овој необичен феномен првпат се споменува во делото „Илијада“ на античкиот автор Хомер (VII век п.н.е.). До XVII век, луѓето верувале дека од небото навистина капе крв наместо вода, а оваа појава ја сметале за лош предзнак.
 
Makфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: