Червар: Киелце е фаворит, но ние ќе се подготвиме

Loading...

 

Иако има еден месец пауза до другите натпревари од Лигата на шампиони во ракомет, сепак Лино Червар, тренерот на Металург вели дека ќе се подготвуваат за фаворитот Киелце.

„Сигурно Киелце е фаворит во нашата група. Имаат многу врвни играчи, имаат буџет, зајакнаа. Но, се мора да се покаже на игралиштето. Ќе се обидеме да се подготвиме уште повеќе за тој натпревар. Не ни одат во корист натпреварите од репрезентацијата, не затоа што таа не е битна, таа е многу важна, за ракометот и за нас. Но нас ни одат 10, 11 играчите за репрезентација, а јас ќе работам со тие кои ќе останат. Ќе се подготвиме мног добро, особено во одбраната. Но со ваква публика се е можно”, рече Червар, по победата над Ст. Петерсбург.
 
За одбраната која денеска ја играше 5-1 шемата вели дека се покажа одлична, а противникот не и најде решение.
 
„Најавив дека ќе примениме 5-1 одбрани, која исто една од нашите посилни одбрани. Како што знаете играме 6-0, 5+1, значи ја игравме таа втора зона која се покажа како многу тешка за противникот, и не најдоа решение со одличниот голман Станиќ. Колку што можам да ги критикувам за првото полувреме и паднавме малку под влијание на играта. Тие малку и не успаа, очекував побрза игра од нив и не бевме добри во одбрана. Бевме опуштени. Не смееме така. Мораме да бидеме агресивни. Тоа е наша игра. Да сме агресивни и да се бориме за топката. Но, потоа, одбраната 5-1 беше навистина цврста”, вели Червар.
 
Ренато Вугринец, новот член на Металург, денеска одигра 50 минути од натпреварот, а играше и напад и одбрана.
 
„За Вугринец размислувам многу. Не знам како ќе биде во иднина. Мора да видам уште некои работи, но сигурно ние него ќе го одмараме и ќе имаме алтернатива на тоа место. Дали ќе биде левучар или деснак, но ќе најдеме некој на тоа место за него . Малку и го форсирам, за тој да се снајде во играта и мислам дека денеска играше една маестрална игра”, рече Червар.
 
Мите Стоилов денеска влезе во игра во последните минути и даде два гола, што покрена прашање дали заслужува поголема минутажа.
 
„Во нападот имаме доста конкуренција. Кај мене легитимитетот се добива во одбрана. Тој е играч од втор план, тој ја доби мојата доверба со Ловќен, кој играше доста добро во одбрана и награден е за тоа. Но, денеска се успа. Неговата ирга е срцето, борбата. Тој мора да го остави срцето на теренот”, вели Червар.  За Ацо Јоноски, кој денеска не заигра Червар вели дека го штеди поради повредата на ахиловата тетива. „Јоноски е играч кој го почитувам. Тој имаше повреда на ахиловата тетива и не треба да го форсирам на терен затоа што екипата во второто полувреме играше одлично и створивме ралика, а тој не требаше да биде пуштен. Тој во првите три кола играше, но денеска немаше потреба”, додаде Червар.
 
Макфакс
 

loading...
Loading...