Червар посака да е активен играч поради македонската публика

 

Во преполната сала „Борис Трајковски”, публиката беше осмиот играч за Металург, во натпреварот од Лигата на шампиони против Ст. Петерсбур, смета тренерот на ракометарите од Автокоманда, Лино Червар.

„Посебно благодарам, но не куртоазно, од срце и се заблагодарувам на прекрасната македонска публика. Мислам дека олку почит кон нас, толку симпатии и љубов кон нашите играчи, ме допре. Ме допре, тоа што тоа навивање е коректно и од срце. Жал ми е што не сум повеќе ак тивен играч. Тоа е голема привилегија да се игра пред такви луѓе. Имаше повеќе од 7.000, седеа по скалите. Мислам дека ова е топ, од тоа што може ракометот. Ќе дадеме се колку што можеме. Играме со осум играчи со ваква публика.”, рече Червар на прес-конференцијата по натпреварот.
 
И честита на гостинската екипа на фер и коректната игра.
 
„Секако пресреќен сум. Четири натпревари, четири победи, тоа беше сон. Со оваа победа сме блиску до првата цел, потоа ќе видиме. Но, се уште не е толку блиску. Им честитам на сите мои играчи”, рече Червар.  Според него, прво полувреме малку чувствувале притисок на натпреварот, затоа што од нив се очекуваше победа.
 
„Прв пат бевме фаворити, и тоа се почувствува во нашата одбрана, која не беше агресивна и доволно цврста. Но, во второто полувреме покажавме зошто сме екипа со четири победи и тоа причинува едно огромно задоволство”, додаде Червар.
 
„Денеска одигравме натпревар со лошо прво полувреме, во кој имавме доста грешки, особено во одбраната, меѓутоа во второто полувреме се консолидиравме и едноставно го прегазивме противникот”, рече Манасков.
 
„Сметам дека во прво полувреме бевме рамноправни, се водеше рамноправна борба, но во второто направивме повеќе грешки што не чинеше пораз, односно резултатот кој што е”, рече Вренко помошник тренер на Ст. Петерсбург.
 
„Имавте голема поддршка од публиката, што делуваше тешко на нас. Вториот дел го игравме лошо. Имавте брзи акции, резултатот е тој”, рече Кисељов.
 
Макфакс
 

Пронајдете не на следниве мрежи: