Стриптиз – само за него

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Стриптизот е еротичен танц со кој жената (или мажот) бавно се соблекува во ритамот на заводлива музика. Секој маж си фантазира за едно незаборавно стриптиз шоу.Па зошто да не му го подарите тоа на вашиот партнер? Не треба да сте професионалка за да ја вжештите до максимум атмосферата во спалната.
Седнете го вашиот партнер на стол и започнете. Ако сето ова го направите без тој да знае, уште кога ќе ве здогледа ќе копнее по вас.Пригответе се. Вежбајте пред огледалото. Научете се да танцувате бавно и заводливо да ги движете колковите. Вашата кожа треба да биде мека, нежна и да издава убав сензуален мирис. Не заборавајте да ги издепилирате сите делови од телото што сакате да ги истакнете, да го премачкате вашето тело со млеко или масло за тело и да потрошите поголемо количество од вашиот омилен парфем.
Облечете секси долна облека. Нема да згрешите ако изберете тантела или свила во црна или црвена боја. Исто така и белата боја не е за занемарување. Таа се асоцира со невиност, па затоа некои мажи не можат да ѝ одолеат на белата секси облека.
Носете тенки чорапи. Дали ќе изберете чорапи со должина до коленото или надколеници зависи од вас. Жартиерите се пријатна глетка за машките очи, затоа не му го скратувајте тоа задоволство.
Секси облека. Прво правило на горната облека е да може лесно да се соблекува. Без разлика дали ќе ставите само мантил или ќе имате некоја улога (палава медицинска сестра или ученичка), важно е да можете лесно да се соблечете. Корсетот можеби делува секси, но сигурно ќе ја нарушите хармонијата на танцот додека се обидувате да го соблечете. Затоа, избегнувајте го кога планирате да правите стриптиз.
Носете високи штикли. Можете да решите да не носите обувки за да имате поголема стабилност, но нема ништо посекси од висока штикла. Не ги соблекувајте штиклите, тие ќе направат да се чувствувате посекси, а истовремено ќе ја издолжат вашата фигура.
Внимателно одберете ја музиката. Повеќето луѓе кога ќе помислат на стриптиз, веднаш се сеќаваат на песната „You Can Leave Your Hat On“ од Том Џонс. Тоа не мора да биде вашиот избор. Има голем избор на заводливи песни кои ќе ве опуштат и ќе ги диктираат вашите елегантни, секси движења.
Прилагодете ја светлината. Направете убава атмосфера со помош на ароматни свеќи. На светлината на свеќите ќе добиете повеќе самодоверба.
Златни правила:
Гледајте го право во очите. Во текот на целиот танц гледајте го заводливо. Вашиот секси поглед ќе му ја зголеми возбудата.
Допирајте го вашето тело. Вашите раце нека ги галат оние делови, кон кои сакате да го привлечете неговото внимание.
Неговите раце подалеку од вас. Не му дозволувајте да ве допира. Кажете му да седи мирно и да ужива.
Роза, пердув или шал. Користете роза или долг пердув со кој ќе го допирате од време на време. Иако целта е да се соблечете, прикривањето со шал исто така е возбудливо. Замотајте се во шалот и полека откривајте му дел по дел од вашето тело.
Започнете да се соблекувате. Соблекувајте се бавно во ритамот на музиката. За поинтересно соблекувајте се додека сте свртени со грб и потоа свртете се наеднаш кон него. Играјте си со алиштата. Прерамките од прслукот вадете ги една по една, а потоа фрлете го прслукот кон него.
Играјте си со косата. Мажите ја обожаваат женската коса. Подигнете ја косата со двете раце нагоре и потоа пуштете ја.
Не ја соблекувајте целата облека. Оставете дел од вашата облека на вас. 
 
Погледнете ги и следниве статии:
Митови за љубовта кои ни го згорчуваат животот
 Мажи кои жените ги обожаваат 
Она што не сте го знаеле за оралниот секс

Пронајдете не на следниве мрежи: