Екипата на Рома се врати од неверојатна негатива од 2-0 на гостувањето кај Џенова, тимот од Рим го „демолираше“ противникот со 2-4 правејќи комплетен пресврт на мечот.
Еден од најзаслужните за оваа победа беше Освалдо кој постигна два гола на овој натпревар, голови кога беа најпотребни.
„Победата е премногу важна бидејќи успеавме да се вратиме во живот по негатива од два гола, покажавме одлучнисти желба. Мораме да продолжиме со вакви игри и во продолжението од сезоната“ изјави Освалдо.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.