Џиновска топка за деминирање

Може ли оваа џиновска топка носена од ветрот да исчисти бројни мински полиња?
Можеби личи на неупотреблива топка, од некој научно-фантастичен филм, но оваа топка има потенцијал да спаси илјадници животи. Дизајнирана е да поминува врз мини, кои под нејзината тежина ќе експлодираат. Направена е едноставно, од бамбус, пластика и железо, а секоја таква топка е релативно евтина и може да уништи до четири мини, пред самата да биде уништена. Секоја топка, наречена Mine Kafon, ќе има GPS систем за наоѓање поврзан со вебстрана на која ќе се покажуваат кои региони се исчистени. Ова е детски изум на Масуд Хасани, кој на возраст од 14 години избегал од Авганистан, каде има повеќе мини од жители. Тој патувал со шверцери во Пакистан и Русија, пред да запре во Холандија, каде студирал Академија за дизајн во Ајндховен. Хасани вели дека идејата за ваква направа ја добил уште како дете, која правел минијатурни модели кои ги пуштал да ги оддува ветрот во мински полиња. „Јас и брат ми Махмуд си игравме секој ден на полиња опкружени со највисоките планини во нашето соседство. Секогаш имаше силен ветар што дуваше од планините. Додека се тркавме еден со друг, нашите минијатурни цинилиндри што сами ги правевме се движеа многу побрзо од нас. Повеќето стигнуваа до полињата со мини, каде не смеевме да одиме, а знам многу другари наши загинаа на нив“, вели Хасани. „Тогаш си помислив, ќе направам вакви објекти 20 пати поголеми и потешки“. Во зависност од тоа на кој дел топката ќе помине над мината и каде ќе биде погодена, таа може да уништи до четири мини пред самата да стане неупотреблива. Во Авганистан се смета дека има 30 милиони мини, повеќе од една по глава на жител. Често, операциите за деминирање полиња се покажува како фатална. Затоа војската користи роботи за барање на мините, но понекогаш тие се деактивираат од војници. Мините покрај патиштата во Авганистан убиваат десетици војници годишно. Хасани заедно со Холандската единица за деминирање, заминал во Мароко да ги испитаат неговите топки во пустината и да видат дали тие имаат воена вредност. Се надева дека тие ќе му помогнат да направи многу такви топки.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: