Амстронг избришан од велосипедизмот

Ленс Амстронг остана без седумте титули освоени на „Tour de France“, одлучи Меѓународната велосипедска унија (UCI).
Првиот човек на UCI, Пет Меквејд, оваа одлука, која е донесена врз доказите кои ги собрала Американската анти допинг агенција, ја соопшти на прес конференцијата во Женева. Меквејд, исто така, објави дека на Амстронг му е изречена доживотна суспензија. „Ленс Амстронг повеќе нема место во велосипедизмот“, дополнил Меквејд. UCI на овој начин само ја потврди одлуката на Анти-допинг агенцијата на САД. „Стигнавме многу далеку во борбата против допингот, не можеме сега да се враќаме во минатото“, истакнал Меквејд. Извештајот на Анти-допинг агенцијата на САД е објавен минатиот месец, тој има 1.000 страници и содржи многу сведоштва за допинг шемата која му помогнала на Амстронг, во периодот од 1997 до 2005 година, да биде доминантен на најпрестижната велосипедска трка во светот. Во извештајот Амстронг е обвинет дека е водач на најсофистицираната допинг програма во светото на спортот.
Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: