Роналдињо „Гаучо“ блеска во Бразилскиот шампионат, вистински предводник на екипата на Атлетико Минеиро, две асистенции и играч на натпреварот во дуелот со Флуминенсе што неговиот тим благодарение на неговата прекрасна игра го доби со 3-2.
Популарниот Дињо го одржува тимот на Атлетико Минеиро на врвот, на дуелот со Флуминенсе беше најзаслужен за мошне тешко извојуваната победа од 3-2.
Моментално екипата на Атлетико Минеиро се наоѓа на второто место на табелата во Бразилската „Серија А“ со освоени 63 бодови, само шест бодови заостанување зад прво-пласираната екипа на Флуминенсе.
Инаку, Роналдињо во оваа сезона за Атлетико има поминато 2429 минути на теренот, постигна 5 голови, притоа беше 5 пати опоменет од судиите со жолт картон.