петок, 13 ноември 2026
Најново

Метеор постар од четири милијарди години го чувале како украс во двор

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Речиси 15 килограми тежкиот овален камен не им бил посебно необичен на семејството Луис. Толку им се допаѓал, што го ставиле како украс во градината и пред влезната врата на својот дом, не знаејќи дека станува збор за метеор.

Во четвртокот Дона и нејзиниот сопруг Џорџ Луис од Тенеси соопштија дека каменот што е во нивното семејство од 1930 година, кога дедото на Дона го зел од пасиште во кентаки, всушност е метеор, јави Фокс Њуз.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Истражувачите од Универзитетот во Тенеси веруваат дека дамнешниот и многу вреден камен всушност е дел од метеор чии први делови се пронајдени во Кентаки во 1853 година. Метеорот што го пронашло семејството Луис, центарот го квалификувал како „пронајден“ бидејќи не е забележан при падот на Земјата, туку препознат по падот.

Џорџ Луис почнал да се сомнева во посебноста на овој камен кога преку него во мај поминал сод етектор за метал. Детекторот тогаш покажал „преоптоварување“. Откако била потврдена посебноста на семејниот „украс од градината“, Универзитетот во Кентаки го купило за да го изложи во зградата на науката.

Се проценува дека каменот е стар повеќе од четири ипол милијарди години.

„Исклучително сме среќни што пронајдовме нешто вакво“, рече Џери Кук, прв човек на одделот за физика и астрономија на Универзитетот во Кентаки.

„Не сакаме некаде да го заклучиме. Сакаме децата да можат да го допрат, да го подигнат и да разберат што е тоа. Дел од нашата работа е децата да ги заинтересираме за наука, а ова ќе ја поттикне нивната љубопитност“, заклучува Кук.

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

 Се разведе прочуениот австриски монструм Јозеф Фрицл

 

 

 

 

 

 Неверојатно што се јадат луѓето

 

 

 

 

 

 Мртовечница станува хотел

 

 

Поврзани вести