Навивачките групи на обата тима направија инциденти по дербито во Бундес-лигата, натпреварот помеѓу екипите на Борусија Дортмунд и Шалке.
Дербито го доби тимот на Шалке 04 со резултат 1-2 на гостински терен кај Борусија од Дортмунд каде натпреварот го следеа 80, 000 гледачи на „Сигнал Идуна-Парк“.
Афелај во 14-тата минута стрелаше за 0-1 за тимот на Шалке, на 0-2 зголеми Хогер во 48-мата минута додека пак конечните 1-2 ги постави Левандовски во 55-тата минута од мечот.
По натпреварот следеа големи инциденти.