Алекс Фергусон, тренерот на екипата на Манчестер Јунајтед за јавноста изјави дека Рио Фердинанд нема да биде во неговите планови за вечерашниот натпревар од Лигата на Шампионите, на дуелот со Брага.
„Ќе има неколку измени во тимот, тоа е сигурно. Ќе играме без Фердинанд и Евра, бидејќи имаме голем натпревар во недела. Разговарав со Фердинанд околу проблемите со маицата и го посоветував дека заедништвото е секогаш посилно од поединците“ изјави Фергусон.
„Се врати Ешли Јанг и тој ќе биде во протоколот за натпреварот со екипата на Брага. Ги имаме тука и Нани, Гигс, Валенсија… имаме неколку играчи кои се во конкуренција и се надевам дека ќе го направам вистинскиот избор околу склопувањето на тимот“ додаде Фергусон.