Баже Илијоски одличен во Рапид

Нашиот интернационалец во редовите на Романски Рапид од Букурешт настапува солидно за својот тим, последниот погодок го постигна на дуелот со неговиот поранешен тим, Брашов.
Баже Илијоски солиден во Романскиот шампионат, одличните настапи продолжија и во редовите на екипата на Рапид од Букурешт.
Македонскиот интернационалец го постигна својот втор погодок за својот нов тим, во 87-мата минута на дуелот со Брашов намали на 1-2, така гласеше и конечниот епилог од мечот, Рапид-Брашов 1-2.
Баже го забележа осмиот настап за тимот на Рапид, притоа постигна 2 гола.

Пронајдете не на следниве мрежи: