Ракометарите на Вардар се борат за влез во групната фаза на Купот на ЕХФ

Избраниците на Веселин Вујовиќ на реванш дуелот со Чешки Ловосице изгубија минимално со резултат 25-24, но, тоа не беше никаква пречка за пласман во понатамошната фаза од ова натпреварување со оглед на тоа што на домашен терен победија со 17 голови разлика, другиот наш претставник, екипата на Куманово е елиминирана од ова натпреварување.
Црвено-црните изгубија но се пласираа во понатамошната фаза од натпреварувањето, односно во Купот на ЕХФ. Вардар загуби минимално со резултат 25-24, но благодарение на домашната победа со 17 голови разлика тие без никаков проблем патуваат во понатамошната фаза, односно последното квалификациско коло за пласман во Купот на ЕХФ.
Тимот на Сунгул од Русија беше подобар од нашиот втор претставник во ова натпреварување екипата на Куманово, првиот меч го доби тимот на Куманово со резултат 27-16, но на реванш-дуелот Русите на домашен терен беа поуспешни со резултат 35-31.

Пронајдете не на следниве мрежи: