Сеха: Вардар против Борац, „Комити“ најавуваат спектакуларно навивање!!!

Екипата на Вардар утре во СРЦ Кале го пречекува тимот на Борац, натпреварот се игра со почеток во 18 часот.
На табелата екипата на Татран Прешов се наоѓа на првото место со освоени 12 бодови, односно 4 победи и еден пораз, Нексе со 12 бодови се наоѓа на второто место но со послаба гол-разлика од првопласираниот Татран со исто 4 победи и 1 изгубен меч. Вардар Про го дели третото место Кроација Осигурување, со 3 победи и 1 нерешен натпревар. Металург се наоѓа на петтото место со освоени 9 бодови, 3 победи и 2 изгубени натпревари.
Според информациите, се очекува солидна бројка од трибините, „Комити“ како и на секој натпревар ќе навиваат за својот клуб приредувајќи одлична атмосфера.

Пронајдете не на следниве мрежи: