Неофицијално: Хасани во јануари се сели во Вердер

Агенти од Бундес Лигата беа да се уверат во квалитетите на Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани на натпреварот со Србија, се шпекулира дека уште во јануарскиот преоден рок екипата на Вердер ќе истрча прва во трката за потписот на Ферхан Хасани кој моментално е фудбалер на Волфсбург.
Нашиот репрезентативец на трансфер пазарот вреди не повеќе од 500,000 евра (според „Трансфер Маркет“), а тоа е сосема доволна причина да желбата на Вердер да се оствари без никаков проблем.
Ферхан во екипата на Волфсбург одигра само три натпревари, на два влезе како замена, помина само 174 минути на теренот од неговото доаѓање во овој тим.
Според неофицијални информации, агентите на Вердер кои го следеа на мечот со Србија пренеле одлични оценки во Бремен, играта на Хасани за нашата селекција била сосема доволен мотив да влезат во трката за потпис уште во јануарскиот преоден рок.
Фото: www.vfl-wolfsburg.de

Пронајдете не на следниве мрежи: