Вселенскиот брод „Сојуз“ со двајца руски и еден американски астронаут во вторникот е лансиран кон Меѓународната вселенска станица (ISS).
Рускиот вселенски брод „Сојуз ТМА-06М“ беше лансиран во точно предвидениот термин од космодромот Бајконур во Казахстан, кој остана во руско владеење и по распадот на Советскиот сојуз, потврди рускиот контролен центар во Королев, во близина на Москва.
Лансирањето, инаку, поради проблемот со екипирањето на екипажот беше одложено осум дена.
За американскиот астронаут Кевин Форд ова е второ патување во Вселената, додека за русите Олег Новицки и Евгениј Тарелкин ова е мрва вселенска мисија.ж
Тројцата астронаути ќе се придружат на екипажот на Меѓународната вселенска станица Русинот Јуриј Маленччанко, Американката Санита Вилијамс и Јапонецот Акихико Хошиде, коишто на Земјата треба да се вратат на 12-ти ноември, откако ги минаа стандардните пет месеци за престој на станицата.
„Сојуз ТМА-06М“ успешно се одделил од третиот степен на ракетата носач „Сојуз – ФГ“ и влегол во орбитата на подалечната област на ISS, на која треба да пристане на 25-ти октомври со автоматско пилотирање.
Планираното времетраење на летот на новиот екипаж на ISSќе биде 148 дена. Новицки, Тарелкин и Форд треба да растоварат четири руски транспортни вселенски бродови од типот „Прогрес’ и европската транспортна ракета „ATV-4“. Карактеристично за овој лет е што за екипажот на 33-та експедиција на ISSне е планирани ниедна излегување во отворената Вселена. Новиот астронаутски тим има намера да го одржуваат орбиталниот блог, и целото нивно слободно време да го посветат на фотографирање на Земјата од ISS.
Макфакс
Погледнете ги следниве статии
Астероидот Веста имал магнетно поле во младоста на Сончевиот систем
Астероид со големина од околу 50 метри ќе пролета крај Земјата
Американски конгресмен од комисијата за наука ја отфрла еволуцијата