Судија исклучи 36 фудбалери

Дури 36 играчи, односно двете цели екипи заедно се резервите, се исклучени на натпреварот меѓу јуниорските екипи на Тениенте Фарина и Либертаед во Парагвај по општата тепачка во завршницата.
Пет минути пред крајот на мечот, судијата Гуљен исклучил по еден фудбалер од двете екипи, меѓутоа тие го игнорирале и продолжиле со тепачката на теренот. Само неколку мига подоцна инцидентот излегол од контрола, па во тепачката се вклучиле сите играчи на теренот, меѓутоа и оние од клупите за резерви. Наместо да се обиде да ја смири ситуацијата, судијата од страв избегал од теренот, па не ги идентификувал виновниците за инцидентот, а подоцна немал избор туку да додели црвени картони за сите играчи од записникот за натпреварот.
Макфакс
 

Пронајдете не на следниве мрежи: