Вечерва во Сава Центар свечено ќе биде отворен 28. Белградски џез фестивал.
Прв ќе настапи Михајло Миша Блам , а потоа Дарквуд Даб со Бисера Велетанлиќ.
Оваа година фестивалот ќе биде во знакот на дувачкиот инструмент труба.
Богата програма исполнета со познати џез имиња меѓу кои е и составот “Miles Smiles” кои приредија одличен концерт на Скопскиот џез фестивал .