Al Pacino снима филм за John Lennon

Al Pacinо е ѕвездата во новиот филм каде се работи за една измислена рок ѕвезда, која ја менува целата ствоја кариера кога пронаоѓа писмо кое му го пратил John Lennon.
 
Насловот на овој филм е “Imagine”, по легендарната песна на John Lennon, а режисер е познатиот сценарист Den Foglman.
“Мојата рок ѕвезда живее декадентен живот со многу помлада жена од себе. Тој и понатаму ги полни салите и заработува пари од тоа, но одамна го загубил ‘жарот’што го водел низ животот”, изјавил Foglman.
На неговиот 64. роденден тој пронаоѓа писмо кое му го пратил Lennonкога имал 18 години.
Кога го чита писмото, тој решава да го промени својот живот, и повторно да се посвети на музиката онака како што навистина треба.
Покрај Pacino, во филмот ќе глумат и Jeremy Raner и Julianne Moore, која е сопственичка на хотелот каде рок ѕвездата престојува додека пробува да си го среди животот.
Снимањето на филмот започнува во април наредната година. 
 
Погледнете ги и следниве статии:
Саша Барон Коен како Фреди Меркјури
Неверојатна трансформација на Хали Бери
Том Хенкс со театарско деби
 
 
 
 

Пронајдете не на следниве мрежи: