Вуди Ален е американски сценарист, режисер, актер, комичар, автор, писател и музичар чија кариера трае повеќе од половина век.
Тој почнал да пишува текстови за хумористични телевизиски серии и има објавено неколку книги со истите.. Во раните 1960-ти, Ален почнал да настапува како стенд-ап комичар .
Почнува со сценарија и режија на филмови, а потоа е ангажиран и во драмската уметност.
Има снимено 40 и повеќе филмови а некои од најпознатите се Ени Хол (1977), Менхетн (1979), Хана и нејзините сестри (1986), Полноќ во Париз (2011), и Пурпурната Роза на Каиро (1985).
Критичарот Роџер Еберт го опиша Ален како “богатство на киното”.
Тој е исто така џез кларинетист кој свири редовно во мали клубови на Менхетен, вклучувајќи го и хотелот Карлајл во понеделникот навечер.
Ја слушаме композицијата “Hear Me Talkin' To Ya” (1998) Woody Allen And His New Orleans Jazz Band.
Пронајдете не на следниве мрежи: