Кога знаете дека сте во вистинска врска?

За секој од нас е вистински предизвик да се стреми кон стабилна емотивна врска. Кој не би бил среќен и исполнет ако се наоѓа токму во таква врска? Сакаме да имаме вистинска личност до нас, партнер за се. Да ни биде подршка, пријател, искрен во секој потег и сл. Тоа денес ретко се наоѓа, па затоа треба многу повеќе да цениме ако ја имаме таа личност до нас.
Кога може да знаеме со сигурност дека сме ја нашле вистинската  личност со која сакаме да остариме , да минеме  се?  Сме ја нашле таа личност ако во него имаме се и пријател и страст, некој кој секој ден не прави среќни. Секој ден покажува, но  докажува дека не сака, дека му значиме, знаеме дека ке стори се за нас во секој  момент . Некој покрај кој се смееме со часови, како мали деца се забавувавме. Еднаш бар во денот добиваме порака кратка, но слатка со зборовите ,,те сакам,,.. Покрај него ништо неможе да ве повреди, не чувствувавате страв, притисок. Со него говорите на сите теми, без срам, му споделувате се, тој е оној во кој имате најголема доверба.Имате однос, каков што сите посакуваат, имате своја приватност, вие го почитувате неговото време, вие неговото.Не е завидлив, не е ироничен.
Сака да најде решение за секој ваш проблем. Тој е со вас кога се смеете, кога плачете.Вашата врска е вистинска, не опсесивна и тоа го чувствувате секој ден. Секоја добра и лоша вест ја кажувате прво на него, вие сте просто зависни од него, тој  е вистинскиот за вас. Веќе немате дилема.

Пронајдете не на следниве мрежи: