Вебер: Бидам ли во водство, никој нема да ме престигне, дури ни Фетел!!!

Австралијанецот во тимот на Ред Бул, Марк Вебер, зад конкурентот заостанува големи 63 бодови на табелата, но, се додека математиката е во игра, вели дека нема да има никакви попуштања и откажувања.
„Доколку во Индија ми се даде прилика да победам, ќе ја искористам. Математички сеуште имам можност да станам светски првак. Бидам ли во водство, никој нема да може да ме престигне, дури ни Фетел“ изјави Вебер.

Пронајдете не на следниве мрежи: