Кои лекции ви ги носи крајот на врската?

Ниеден прекин на врската не е лесен, секој од нас различно го поднесува. Некој веднаш станува на нозе, некој паѓа во тешка депресивна состојба, но секако никој не е рамнодушен.Сите сме луѓе, имаме емоции и секако дека тој крај не погодува. Сме вложиле многу во таа врска, себе си, нашето време, енерѓија и сл. Но крајот на врската не е крај на светот, тоа добро запамете го.
Само силните и храбри личности можат успешно да се справат со него и да продолжат напред со својот живот и кариера. До вас треба само да имате вистински вредни пријатели, семејство кои ќе ви дадат подршка во тие тешки моменти.


Секој од нас веднаш после прекинот, се измачува себе си со вашите песни, места на кои редовно сте оделе, слики и подароци. Веднаш ослободете се од тие работи во вашиот дом, само така ке преболите побрзо. Дозволено е да тагувате, да плачете, но не премногу време, дајте си време сами на себе и продолжете со својот живот. Создадете си нов живот, од почеток се ако е тоа можно, направете список што не чинело во таа врска, не ја правете грешката два пати.
Останете на дистанца со вашиот бивш партнер, ни случајно не му се јавувајте на телефон. Излезете со вашите пријатели, имајте забава, не мислете на него. Бидете реални кон себе, не паѓајте во очај, можеби да сте мислеле дека тој е вашата сродна душа, но тоа не значи дека бил вистински во вистинско време. Продолжете да верувате во љубов, таа навистина ќе дојде и за вас, и вие ќе го сретнете господинот совршен за вас. И секако запомнете секое едно нешто се случува со причина во вашиот живот,секое зло за добро е.

Пронајдете не на следниве мрежи: