Премиерно новиот спот на Каролина

Ви го претставуваме најновиот спот на нашата музичка ѕвезда Каролина Гочева. Се работи за песната “Тој”, која се наоѓа на албумот “Зошто сонот има крај”, од 2001 година. 

 

Чекавме 11 години за оваа навистина прекрасна песна да добие и видео запис. Таа е најава за новиот компилациски албум на Гочева што ќе излезе во продажба на 19ти ноември, а го носи името “Најубави песни”. Песната е соработка на Никола Перевски – Пере, Бертан Аслани и Владимир Крстевски Франц, а спотот е дело на Дарко Мораитов.

 

Каролина ќе го промовира новиот албум со концерт во Универзалната сала на 22 декември.

Пронајдете не на следниве мрежи: