Попов: Жалам за тоа што се случи пред мечот со Србија…

Репрезентативецот на Македонија и член на англискиот премиерлигаш ВБА, Горан Попов, во интервју за „НоваМакедонија“ изјавува дека жали за тие настани пред дуелот со Србија.

„Јас играм фудбал за себе, за колегите, за навивачите и за Македонија, секогаш сум давал сто отсто на сите натпревари во националниот дрес и навистина жалам за она што се случи пред мечот со Србија, но не може карактер одеднаш да се смени“ вели Македонскиот репрезентативец во интервјуто за  „НоваМакедонија“.

Останува да видиме како ќе се одвиваат настаните и во целиот состав на нашата селекција, откако селекторот Јаневски изменувајќи неколку позиции односно играчи по дуелот со Хрватска, неговиот храбар потег победи, токму на местото на Попов играше Лазевски по левата бековска страна, Лазевски одигра перфектно цел натпревар, ова е само увертира во настаните што претстојат, на никого местото не му е загарантирано во тимот, конкуренцијата расте, а она што радува е кредибилитетот и авторитетот што сака да го извлече Чедомир Јаневски.

Извор за интервјуто: „НоваМакедонија“(Автор: Самоил Петрески)

Фото: dailyrecord.co.uk

Пронајдете не на следниве мрежи: