Во последно време, има сè повеќе начини на кои луѓето се обидуваат да се справат со менталните болести и емоционалните тешкотии. Барањето стручна помош во никој случај не е лошо. Тоа е знак дека сакате да ги промените работите на подобро и дека сакате да си го олесните и да си го разубавите животот. Не заборавајте дека сите луѓе се различни и дека различно се справуваат со исти или слични трагедии и тешки периоди од животот, а овие знаци ќе ви откријат дали навистина ви е потребна помош од специјалист.
5 знаци дека ви треба психотерапија
Се чувствувате како да не сте свои
Чувствата на тага, лутина, бес или безнадежност, кои не можете да ги контролирате, може да бидат знаци дека имате проблем со менталното здравје. Не потиснувајте ги емоциите во себе. Ако сметате дека едноставно е премногу и дека не можете сами да се справите со вашите емоции, побарајте помош од експерт.
Консумирате алкохол, дрога, храна или имате секс за да се чувствувате подобро
Луѓето честопати не се свесни дека користат лоши алатки за да поминат низ тешките животни периоди. Ако пиете премногу, земате дрога, јадете премногу храна или се впуштате во сексуални односи за да се извлечете од лошата состојба, побарајте помош.
Сте изгубиле нешто или некој важен во животот
Смртта на саканата личност, разводот, раскинувањето на долгата врска и отпуштањето од работа – сето тоа може да биде загуба што го превртува животот наопаку за еден ден. Ако некоја загуба ве спречува да живеете нормален живот, консултирајте се со специјалист и започнете со препорачаната терапија.
Доживеавте траума
Траумите како што се силување, семејно насилство или насилство во врската, хронично заболување со кое не можете да се справите или кој било друг настан што создал емоции во вас со кои не можете да се справите се доволна причина да им се обратите на експертите. Некои работи едноставно е невозможно да се поминат без помош.
Немате желба за работите што порано ве правеа среќни
Ако се чувствувате апатично, ако ги запоставувате луѓето, хобијата и активностите што некогаш сте ги обожавале, можеби ви треба помош и некаква терапија.
Пред да се исплашите од зборот „терапија“, треба да знаете дека тоа не се однесува само на лекови. Постојат различни видови терапии, а разговорот е еден од нив. Не срамете се да побарате помош кога чувствувате дека ви е потребна.