Никогаш не треба да дозволите нечие мислење да ве спречи да го живеете вашиот живот онака како што посакувате. Повеќето луѓе најчесто ја „саботираат“ сопствената среќа бидејќи повеќе се грижат за она што другите го посакуваат или она што им го наметнува општеството. Живејте го животот онака како што сте замислиле без постојано да се обидувате да ги задоволувате сите други околу вас. Во продолжение прочитајте зошто не треба да се грижите дали другите ќе ги одобрат вашите одлуки или не.
5 причини зошто не треба да се грижите за туѓото одобрување
Ова е вашиот живот
Една од најважните причини зошто не треба да се грижите за нечие одобрување е токму фактот дека се работи за вашиот живот. Направете сè што можете за да бидете среќни и да не жалите за пропуштените можности. Секогаш ќе постојат луѓе кои нема да се согласат со вашите одлуки, затоа направете го вашиот избор и преземете одговорност за сопствените постапки.
Вие самите знаете што е најдобро за вас
Без разлика на тоа колку другите се емпатични и се обидуваат да ве разберат, сепак тие не можат да знаат што е најдобро за вас. Вие самите знаете што е тоа што ве прави среќни. Дури и ако направите грешки во сиот тој процес, сепак ќе научите од нив и нема да ги повторите во иднина.
Не ви е потребно одобрувањето од сите луѓе за да бидете среќни
Убаво е кога другите ви се восхитуваат поради вашите успеси, но не смеете да дозволите од тоа да ви зависи среќата. Не можете да контролирате нечии мисли и секогаш ќе сретнете луѓе на кои нема да им се допаѓате, без разлика колку се трудите да им угодувате. Ако сакате да живеете поздрав и посреќен живот, не треба да ви биде важно туѓото мислење.
Верувајте во вашата способност да донесувате одлуки
Научете како да верувате повеќе во вашата способност за донесување одлуки. Обидете се да не барате одобрување од другите луѓе бидејќи колку повеќе го правите тоа, толку помалку ќе им верувате на сопствените способности што може да доведе до низок степен на самодоверба. Наместо тоа, препуштете ѝ се на интуицијата.
На луѓето не им е вистински важно она што вие го правите
Вистината е дека луѓето навистина не се грижат за вашите постапки онолку колку што велат дека се грижат бидејќи секој има сопствени проблеми и грижи. Престанете да трошете време и енергија обидувајќи се да им се допаднете на сите бидејќи тоа најверојатно нема да се случи.