5 есенски “грицки” кои ќе ви помогнат во одржување на оптималната тежина

Сите ние имаме одредено време кога без оглед дали сме на диета или не, мораме нешто да грицнеме за да можеме да продолжиме со дневните обврски без кркорење во желудникот.
Во продолжение, следува листа од пет лесни и здрави грицки кои можат да ви помогнат да ја намалите гладта помеѓу оброците, дури и кога сте на диета.
Пуканки


Пуканките се полни со влакна, имаат низок процент на масти (доколку ги припремите на здрав начин) и дури содржат и протеини.
Една порција пуканки содржи 4 грама влакна, речиси 4 грама протеини, нешто повеќе од 2 грама масти и не повеќе од 110 калории. Оваа комбинација сигурно ќе ве засити до следниот оброк во денот.
Леблебија
Секогаш имајте леблебија при рака, без разлика дали е свежа или конзервирана. Таа е лесна за припрема, а можете да ја консумирате и печена, со што ќе го истакнете нејзиниот јаткаст вкус. Исто така, можете да приготвите и домашен хумус од леблебија, кој ќе го консумирате со крекери од ориз или мала порција переци.
Бадеми


Едно истражување открило дека само џвакањето на бадеми може да ве засити. Јадете бадем по бадем и бавно џвакајте – со тоа ќе го зголемите ефектот на ситост.
Грозје
Во сезоната на грозје, ова вкусно овошје е неизбежно. Грозјето содржи витамин Ц, витамин К, витамин Е, витамин А како и витамини од групата Б, а освен тоа содржи и минерали како калиум, бакар, железо и манган. За додатен ефект, ставете го грозјето во замрзнувач и консумирајте го како сладок чипс.
Црна чоколада


Многу е важно да се наградите со нешто слатко секој ден, со цел да ја намалите потребата за истото подоцна. Ова е еден од клучевите за долгорочно и ефективно слабеење. Наградата може да биде во облик на црна чоколада, чаша вино или некој домашен нискокалоричен десерт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.