вторник, 24 ноември 2026
Најново

5 задолжителни парчиња облека за ова лето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Без кои 5 парчиња облека не смее да помине ова лето? Покрај тоа што се „must have“ за ова лето, овие парчиња и ласкаат на секоја  женската фигура, така што доколку сè уште не ги поседувате, веднаш заминете во шопинг.
Мал црн фустан! И нема потреба ништо повеќе да додадеме, бидејќи малиот црн фустан е апсолутен хит за зиме и лето и за било која пригода, уште откако го лансираше Коко Шанел.

Долгите сукњи веќе неколку сезони се едно од најпосакуваните парчиња облека. Нормално, со оглед на тоа што тие ја издолжуваат фигурата и ве прават потенки. А во зависност од тоа како ќе ги искомбинирате, одговараат за секоја пригода.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тексас јакната се враќа во мода. Класичните тексас јакни кои ги носевме како деца сега се повторно апсолутен хит во било која комбинација.

Чипкаста блуза и ќе станете магнет за мажи. Никој не може да одолее на нежниот изглед кој го нуди чипката, а доколку одберете еден број поголема блуза ќе го постигнете бараниот ефект на ноншалантен изглед, кој е хит летово.

Кратки пантолони со висок струк ќе направат вашите нозе да изгледаат бесконечно долги. Овие панталони се одлична замена за црното мини здолниште. 

Без кои 5 парчиња облека не смее да помине ова лето? Покрај тоа што се „must have“ за ова лето, овие парчи

Поврзани вести