Многу самохрани родители по разводот се откажуваат од љубовниот живот, бидејќи се плашат дека новиот партнер би можел да влијае на односот кој го имаат со децата.
Меѓутоа, постои начин кој ќе ви помогне да балансирате помеѓу двете страни и тоа, секако, нема да влијае на вашето време и љубовта која му ја давате на детето, пренесува „YourTango“.
Тие понудиле неколку совети од експертки за врски како да се одржи хармонична врска со детето, но и со емотивниот партнер.
Излегувајте со луѓе кои можат да бидат потенцијален модел за вашите деца
Секогаш на родителите им се препорачува да бираат партнер кој ќе биде модел за нивните деца, бидејќи така ќе се изгради доверба во идната врска помеѓу нив.
Однесувајте се онака како што сакате вашето дете да се однесува
Излегувањата често предизвикуваат многу нервоза, возбудено исчекување, болни прашања и искрена желба да ја занемарите внимателноста и целосно да се препуштите. Можеби после долго време конечно ќе се забавувате со некој, но зачувајте ја вашата самодоверба, вредности, дисциплина и мудрост.
Одвојте време за себеАко целосно се посветите на грижа за децата, ќе ги запоставите вашите потреби и потребите на вашата душа. Затоа за викенд одвојте време за нив, но и време за себе. Самохраното родителство вклучува баланс и рамнотежа во распоредот помеѓу вашите и потребите на децата.
Некогаш излезете на вечера, децата можат да останат и со дадилката. Трудете се со мали задоволства да се усреќите себеси, бидејќи и времето поминато со детето ќе биде поквалитетно ако родителот е задоволен од себеси.
Договорите кои ги правите со децата, не ги одложувајте, бидејќи ќе ги повредите и ќе ја изгубите нивната доверба.
Не го запознавајте веднаш партнерот со децата
Дури и откако ќе го дефинирате односот, можеби е добро да почекате уште три месеци, за да бидете сигурни дека вашиот однос може да го издржи тест периодот.
Децата лесно се врзуваат и премногу ‘нови’ партнери на родителите кои ги запознаваат може да доведе до нивно разочарување.
Не го изложувајте детето на ризик
Експертките за врски за споменатиот портал напоменуваат дека запознавањето партнер преку апликација за запознавање е опасно, бидејќи никогаш не знаете кој е од другата страна на екранот. А тој ризик не ви треба ниту вам, ниту на детето.
Разговарајте за сè
Пред да се препуштите во нови авантури, мора да го оставите минатото зад себе и да ја гледате иднината. Излегувањата со нови партнери додека сè уште мислите на поранешниот сопруг, можат лесно да ви го пореметат животот, но и да внесат хаос и забуна во животот на децата.
Иако вашите деца се центар на светот, потрудете се на првото излегување со новиот партнер да бирате други теми освен вашите деца.