5 клучни нешта на кои секоја мајка треба да ја научи својата ќерка: Вербата во себе, но и грешките се составен дел од растењето

Да се биде мајка е сигурно најубавата улога што една жена може да ја има. Сепак, родителството со себе носи и големи одговорности.

Нема еден идентичен родител кога станува збор за пристапот во пренесување на вредностите и воспитувањето на децата. За оние мајки кои имаат ќерки, обврската да ја израснат во среќна, самостојна и стабилна жена е огромна. Во прилог споделуваме неколку клучни нешта што секоја мајка треба да и го пренесе на својата наследничка.

Да научи дека е доволно добра
Важно е мајката да и „всади“ на ќерката доволно самодоверба, но и љубов кон себе. Таа треба да верува во своите соништа и да се стреми да ги исполни своите амбиции. Честопати нè запира стравот од осудување од околината, а мајката има задача да ја научи својата ќерка дека таа е доволно добра таква каква што е. Фокусирањето на нашите маани или слабости, често не спречува да го истакнеме она што е најдобро од нас, па така оваа особина да го гледаме доброто во нас, а и во другите, може да влијае само позитивно во секојдневниот живот.

Бидете нејзина најголема поддршка
Секој знае дека таткото и ќерката имаат посебен однос, но во срцето на секоја девојка и е потребна поддршката од нејзината мајка како и вербата дека може да и каже сè. Девојките поминуваат низ многу фази во животот, од емоционални превирања до настани кои го менуваат животот. И токму тука мајките играат важна улога. Наместо да ја карате, понудете ѝ разбирање и дајте ѝ до знаење дека секогаш може да ве се обрати за разговор.

Верувајте во неа
Се смета дека првите 20 години од животот се клучни за човекот. Дотогаш веќе би требало да одлучиме по кој пат ќе одиме и да разбереме дали имаме храброст да ги следиме нашите соништа и желби. Значи, што и да ви каже вашата ќерка – никогаш не ја обесхрабрувајте со сомнежи. Ако го покажете тоа, таа ќе почне да се сомнева во себе. Секогаш разговарајте за квалитетите што ви се допаѓаат кај неа.

Нека греши и таа
За да бидете сигурни дека ја воспитувате да биде независна девојка, тогаш треба да бидете подготвени да и дозволувате и сама да носи одлуки со тоа што вие ќе бидете околу неа за да и помогнете доколку е потребно. Оставете ја сама да одлучува и да го избере својот пат, дури и ако не успее. Ако навистина се случи грешка, не ја осудувајте поради тоа.

Нека научи дека нејзиното тело е нејзино тело
Ова е многу важна лекција во животот на секоја жена. Тие сами треба да одлучат што е „добар допир“, а што „лош допир“, па затоа треба да ги научите на стратегии за самоодбрана доколку се случи немил настан. Секоја мајка треба да има еден разговор со својата ќерка на оваа тема. Научете ја дека никој не го поседува нејзиното тело и дека одлуките за нејзиното тело се само нејзини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.