Избегнувајте ги овие намирници за да го намалите ризикот од инфаркт.
Болестите на срцето се една од водечките причини за смрт. Генетиката има важна улога во срцевите заболувања, но и факторите како физичката активност и исхраната влијаат во тоа.
Истражувањата покажале дека честото консумирање одредени намирници го зголемува ризикот од инфаркт, а еве за која храна станува збор.
Пржена храна
Знаеме дека пржената храна не влијае добро ниту на линијата на тело, но исто така таа не е добра ниту за срцето.
Истражување од 2014 година објавено во американско списание за клиничка исхрана, вели дека консумирањето на пржената храна има значајно влијание на развојот на болести на срцето.
Газирани пијалаци
И самите знаете дека газираните пијалаци не се добри за вашите заби, но и за линијата на тело, но можеби и не знаете колку навистина тие се штетни за срцето. Истражување спроведено во 2019 година покажало дека пиењето на две или три чаши од овој напиток во текот на денот го зголемува ризикот од смрт предизвикана од кардиоваскуларни болести за 21 отсто.
Јајца
Иако важат за здрава намирница и многумина ги препорачуваат како здрав доручек, сепак не треба претерано да ги консумирате. Студија од 2019 година покажала дека тие го зголемуваат ризикот од срцеви болести.
Црвено месо
Доколку сакате да го сочувате здравјето на срцето, би било добро да го ограничите консумирањето на црвеното месо. Студија од 2020 година во која учествувале 43.272 здрави мажи покажала дека консумирање на една порција црвено месо секојдневно, може да го зголеми ризикот од срцеви болести за 12 отсто.
Сланина
Обработеното месо, како што е сланината, не е добро за срцето. Експертите велат дека според податоците од студија од 2020 година, луѓето кои јадат обработено месо двапати неделно имаат седум отсто поголем ризик да доживеат инфаркт.