Високиот крвен притисок или хипертензија е болест од која што патат голем број од луѓето, а истата може да предизвика состојби како срцев и мозочен удар.
Експертите истакнуваат дека најчестите фактори за добивање висок крвен притисок се дијабетес тип 1 и 2, дебелина и консумирање храна која што содржи многу сол.
Луѓето кои што патат од оваа потенцијално опасна состојба најчесто се на терапија и неопходно е редовно да го проверуваат својот притисок.
Природни начини на кои може да го намалите високиот крвен притисок:
1. Јадете банани
Овошјето и зеленчукот кои се богати со калиум се одлични сојузници во намалувањето на високиот крвен притисок. Калиумот е важен за правилната работа на срцето, функционирањето на цревата и мускулите. Калиумот најмногу го има во бананите, доматите, портокалите, компирите, гравот, грашокот, дињите и сушеното овошје.
2. Пијте чај од хибискус
Доколку имате проблем со високиот крвен притисок, чајот од хибискус е одлично природно решение. Учесници во едно истражување кои што пиеле по три шолји чај од хибискус дневно, по шест седмици успеале да го намалат крвниот притисок до седум единици.
3. Вежбајте јога
Бавното дишење и медитативните вежби како што е јогата, го намалуваат хормонот на стрес. Стресот предизвикува создавање ензими кои што предизвикуваат хипертензија. Одвојте барем по пет минути дневно да се опуштите. Длабоко вдишете, да почувствувате дека воздухот го полни вашиот стомак, а потоа издишете и ослободете се од напнатоста.
4. Пијте кафе без кофеин
Влијанието на кафето на порастот на крвниот притисок е тема на многубројни истражувања. Некои од нив покажуваат дека кофеинот не влијае на притисокот, а други дека консумирањето на 500 милиграми кофеин (3-4 шолји) дневно, го подигнува притисокот за 4 единици. Кога сте под стрес срцето пумпа многу повеќе крв, што го зголемува притисокот, а кофеинот го зголемува тој ефект.
5. Слушајте класична музика
Вистинската мелодија може да ви помогне во намалување на крвниот притисок, тврдат истражувачи од Универзитет во Фиренца. До ова откритие дошле откако 28 луѓе кои што веќе пиеле лекови против висок крвен притисок слушале класична, смирувачка мелодија или пак индиска музика во времетраење од половина час – секој ден.
Во текот на тоа време кое го трошеле, важно било да внимаваат на своето дишење, лесно да вдишуваат и издишуваат. По една недела, високиот крвен притисок успеале да го намалат за 3,2 единици.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.