5 јаглехидрати што ќе ви помогнат во намалувањето на вишокот килограми

Кога ќе помислите на јаглехидратите, обично првата асоцијација е здебелување. Но, јаглехидратите му се потребни на телото и заедно со протеините и влакната, тие го формираат „светото тројство“ на хранливи материи за добро здравје и соодветна тежина. Она што треба да го знаете е кои јаглехидрати да ги изберете ако сакате да го намалите вишокот килограми.
5 јаглехидрати што ќе ви помогнат во намалувањето на вишокот килограми
1. Пченка
Пченката мора да биде свежа. Онаа од конзерва не доаѓа предвид бидејќи честопати е полна со сол и шеќер. Второто правило е да ја јадете без масло и со минимална количина сол. Ако ги следите овие две правила, овој здрав јаглехидрат ќе ви обезбеди влакна, јод, фосфор, магнезиум, калциум и железо, а истовремено ќе го забрза слабеењето.
2. Боранија
Најлесното и највкусно јадење со многу малку калории. Боранијата е вистински лесен јаглехидрат идеален за вечера, дури и доцна, бидејќи го забрзува метаболизмот до максимум. Има малку калории, но е богата со растителни влакна и ќе останете сити долго време. Исто така, содржи многу протеини и витамини.


3. Тестенини
Тестенините направени од тврда пченица нема да ѝ наштетат на вашата фигура, освен ако не ги преварите. Бидете внимателни и со сосот – ако има премногу маснотии и сол, житарките не можат да помогнат.
4. Леблебија
Леблебијата е храна што ќе ви помогне да се изборите со недостатокот на влакна. Покрај тоа, таа е богата со растителни протеини што се важни за срцето и со манган, што штити од предвремено стареење.
5. Печурки
Тие содржат многу јаглехидрати, но и протеини и антиоксиданти што помагаат во неутрализирање на штетните ефекти на слободните радикали. Ако сакате сите вредни хранливи материи од печурките да се апсорбираат во организмот, комбинирајте ги со месо или со житарки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.