Добриот сон и добро проспиената ноќ се неопходни за секој човек. Но, во денешниот модерен и брз начин на живеење, секојдневните проблеми што не опкружуваат ни попречуваат да се наспиеме и да го добиеме заслужениот одмор. Затоа, служете се со едноставни трикови со кои сонот сигурно полесно и побрзо ќе ви дојде на очи.
– Користете превез за очи – станува збор за памучна маска или превез кој се става на очите во моментот кога легнувате во креветот. Со помош на превезот, секоја дури и случајна светлина што влегува во вашата спална соба нема да ви пречи.
– Користете тампони за уши – ефтини се и можете да ги најдете речиси во секоја аптека. Без разлика дали сте први кои легнувате во семејството, имате гласни соседи или пак вашиот партнер ‘рчи, тампоните за уши ќе ви дадат чувство на тишина и спокој
– Избегнувајте да јадете барем еден час пред легнувањето. Ова секако ќе помогне и за вашата линија, но важно е и за вашиот сон. Без разлика дали јадете обилна вечера или само овошје, ако јадете непосредно пред легнувањето, вашето тело ќе мора да се сконцентрира кон варењето на храната, наместо кон заспивање и одморање.
– Внимателно одберете ја постелнината. Постелата нека биде во некоја нежна боја, наместо шарена или флуроесцентна. Вашата спална соба треба да биде синоним за одмор и релаксација, исто како и вашиот кревет.
– Размислувајте за нешто убаво. Во моментот кога ќе легнете, размислувајте за вашите желби, планови, фантазии. Не е важно дали е реално и изводливо или не, важно е да изнудува насмевка на вашето лице и чувство на среќа. Со среќни и убави мисли најлесно се доаѓа до сон.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.