5 природни начини како да ги излечите лузните

Скоро секоја личност на планетава Земја има барем една лузна, која сака да ја отстрани. Постојат многу причини зошто човек би можел да има лузни, од разни повреди и лоши услови на кожата како акни и егзема. Сепак, малку луѓе се свесни дека постои третман за природно отстранување на лузните.1. Белките од јајца
Белките имаат моќни исцелувачки квалитети кои можат да помогнат во отстранување лузните или да ги направат помалку видливи. Белките се полни со протеини и амино киселини, со што ги затегнуваат порите и ја осветлуваат оштетената кожа.
Изматете 3 белки се додека не станат меки и бели. Со прстите нанесете на вашата проблематична кожа. Оставете тоа да се засуши неколку минути и потоа исплакнете со топла вода. Правете го ова 2-3 пати неделно и за некое време лузните значително ќе исчезнат.
 2. Сода бикарбона
Сода бикарбоната ќе ја отстрани мртвата кожа и ќе ги направи лузните помалку видливи со текот на времето. Нанесувајте ја нежно и ќе делува како природен ексфолиант, без да предизвика воспаление или иритација.
Измешајте една лажичка сода бикарбона во вода, за да направите согласна течност. Нежно нанесете на вашата кожа, оставете така неколку минути и потоа исплакнете со топла вода. По овој третман придодадете малку кокосово масло на истото место и нежно масирајте. Тоа е одлична алтернатива за кремите.
3. Сок од лимон
Лимоните содржат алфа хидрокси киселни, кои имаат лековити својства за кожата. Се отстрануваат мртвите клетки од кожата, растат нови клетки и и се враќа еластичноста на вашата кожа.

Темелно исчистете го делот околу оштетената кожа. Потоа, ставете 1 лажиче лимонов сок на памук, нанесете на лузната и исплакнете по 8- 10 минути. Сокот од лимонот може да предизвика алергиска реакција наречена фотосензитивност, па затоа не заборавајте да користите соодветни мерки на претпазливост, кога сте изложени на сонце.
 4. Мед
Медот многу добро ја задржува влагата. Со одржување  влажност на обновеното кожно ткиво, медот помага во регенерација на клетките. Антибактериската моќ на медот го прави одличен избор за третман на рани, како што се изгореници, чиреви, бактериски инфекции, акни.
Измешајте по една лажичка цимет, морско оревче, лимонов сок и мед и нанесете дебел слој на вашето лице. Нека отстои 15-20 минути, а потоа исплакнете со топла вода. Повторете го истото 3-4 пати неделно и лузните набрзо ќе исчезнат.
 5. Сокот од алое вера
Тоа е уште една одлична можност природно да се отстранат лузните. Не само што ја смирува вашата воспалена кожа, туку и го зголемува имунолошкиот систем и го регенерира оштетеното ткиво.
Иако можете да купите различни Алое Вера производи во вашата локална аптека, најдоброто нешто е да се снабдите со алое растение.
 Скинете лист од алое растението и тријте на оштетената кожа. Нека се исуши и потоа оставете да отстои 30 минути. Измијте го со топла вода. Правете го ова секоја ден за да ја намалите видливоста на лузните
 
 1. Белките од јајца
Белките имаат моќни исцелувачки квалитети кои можат да помогнат во отстранување лузните или да ги напр

Пронајдете не на следниве мрежи: