5 работи кои морате да ги знаете за грипот

Доцната есен, зима и пролет, кога е времето е студено и со малку сонце, нашето тело станува станува сè поподложно на инфекции.Најдобриот начин да ги избегнете грипот и настинката е да го зајакнете својот имунитет преку здрава исхрана, вежбање, добар сон и намалување на стресот. Но, доколку сепак се разболите, еве пет работи кои морате да ги знаете за грипот. 
1. Кои се симптомите?
Грипот е болест на респираторниот систем предизвикан од вирус, кој се пренесува преку кивање и кашлање. Токму затоа тој не се лечи со антибиотици. Симптомите на грип вклучуваат покачена телесна температура, болки во зглобовите и мускулите, треска, болка во грлото, чувство на исцрпеност и губење на апетитот. По тоа доаѓа до затнат нос, кивање, кашлање и солзење на очите.
2. Треба ли да посетам лекар?
Со цел да се намали можноста од ширење на заразата, личноста која има грип треба да остане дома и да мирува. Посетата на вашиот матичен лекар се препорачува само во случај на компликација – отежнато дишење, губење на воздух, температура која трае повеќе од пет дена и слично.
3. Што доколку добијам грип?
Болеста во просек трае околу една недела, а доколку сте болни треба да се изолирате во посебна просторија со цел да ја намалите можноста од зараза на тие околу вас. Просторијата во која се наоѓате треба често да се проветрува, а лекарите препорачуваат и носење на маска за лице.
4. Како да се заштитам?
Доколку сакате да ги намалите шансите од зараза, почесто мијте ги рацете со сапун и вода. Исто така, хранете се здраво и правете прошетки на чист воздух. Одбегнувајте контакт со лица кои кашлаат или киваат и избегнувајте ракување и бакнување.
Најдобро е да се избегнуваат затворените простории во кои има поголем број на луѓе бидејќи можноста за ширење на заразата станува поголема. Тоа е особено важно доколку имате слаб имунитет.
5. Дали треба да се вакцинирам против грип?
Вакцината е сè уште најефективниот начин за заштита од грип. Вакцината против грип особено се препорачува на лицата кои се постари од 65 години, на хронично болните од сите возрасти, на децата и адолесцентите.Најдобриот начин да ги избегнете грипот и настинката е да го зајакнете својот имунитет преку здрава исхрана, вежбање, добар сон и намалување на стр

Пронајдете не на следниве мрежи: