5-те најбогати луѓе низ историјата

Loading...

Кога некој би ве прашал дали можете да погодите кој е најбогатиот човек во историјата, дали би го знаеле одговорот? Она што би ви дошло како изненадување можеби е тоа што најбогатиот човек воопшто не живеел во нашето време, туку многу одамна.Користејќи ја просечната годишна стапка на инфлација од 2.199,6%, според која 100 милиони долари од 1913 година денес вредат 2.299.63 милијарди долари, порталот Celebrity Net Worth направи листа од најбогатите луѓе во историјата.
1.Mansa Musa I – 400 милијарди долари (роден во 1280 година) 
Во времето на својата смрт, тој владетел на царството Мали, кое се наоѓало на подрачјето на денешна Гана, Тимбакту и Мали, имал лично богатство кое пресметано во денешна вредност изнесува неверојатно 400 милијарди долари. Воглавном, неговото царство ги црпело своите богатства од тоа што поседувало преку половина од светските резерви на сол и злато. Муса станал крал откако неговиот претходник заминал на експедиција да го истражува Атлантскиот Океан, и никогаш не се вратил.

2. John D. Rockefeller ­ 349 милијарди долари (роден во 1839 година)
Најбогатиот Американец на сите времиња, во моментот на својата смрт поседувал богатство вредно 349 милијарди долари. Тој е и првиот Американец кој станал милијардер. Своето богатсво го стекнал преку компанијата Standard Oil. Клучниот момент на неговата кариера бил во 1863, кога од својот деловен партнер Maurice B. Clark откупил рафинерија за нафта по цена од 72.500 долари.

 
3. Рускиот Цар Никола II– 300 милијарди долари (роден во 1868 година)
Владеел со Русија меѓу 1894 и 1917 година, кога бил убиен заедно со неговото семејство од страна на бољшевиците, со што била срушена царската власт во Русија. Некои од вас подобро го знаат овој човек како таткото на мистериозната принцеза Анастасија, за која постои добро позната приказна. Во моментот на својата смрт, рускиот Цар Никола II имал 900 милиони долари, што е еквивалент на денешни 300 милијарди долари.

4. Muammar Gaddafi – 200 милијарди долари (роден во 1942 година)
Според извештајот на Celebrity Net Worth, откако беше фатен и убиен минатата година, се појавиле извештаи во кои се тврди дека Gaddafi имал скриено богатство во вредност од 200 милијарди долари. Во последните месеци пред неговата смрт, околу 70 милијарди долари биле запленети од неговите банарскисметки во странските банки. Gaddafi имал и приватен патнички авион Airbus A340, 7,5% од сопственичкиот удел во италијанскиот фудбалски клуб Juventusи недвижнини во Велика Британија во вредност од една милијарда долари.

5. Henry Ford – 199 милијарди долари (роден во 1863 година)
Основачот на Ford Motor Company, иако не го измислил автомобилот, во голема мера помогнал во развојот на масовното производство на автомобили. Тој го создал првиот автомобил кој и обичните Американци можеле да си го дозволат. Во времето на својата смрт во 1947 година, Henry Fordимал богатство вредно 199 милијарди долари во денешни услови, а неговото семејство до ден денес ја поседува компанијата која тој ја основал.
 
1.Mansa Musa I – 400 ми

loading...
Loading...