5 типа на фраери со кои врската никогаш нема да успее

Loading...

Денот на вљубените се ближи, но тоа не значи дека морате да останете во лоша врска. Ако вашиот дечко е еден од овие, подобро да се решите од него што побрзо:
Сеуште ја сака својата поранешна девојка
 Можеби тој тоа нема да ви го каже, но ако сеуште е заљубен во неговата поранешна девојка, тоа не е тешко да се примети.  Ако постојано зборува за неа или кога ќе ја сретне останува без текст, тој сеуште има чувства за неа. Во таква врска никогаш нема да бидете среќни.
Арогантен тип
Ако со тебе се однесува како да не го заслужуваш неговото внимание, дефинитивно треба да се откажеш од него. Додека го оставаш најверојатно дополнително ќе те навреди, но не дозволувај да те убеди дека нема да пронајдеш подобар од него.
Лажливец
Можеби не лаже , но често ја искривува вистината и прилагодува на своите интереси. Таков тип на дечко секогаш нешто ќе смислува, а дури и кога ќе ја зборува вистината нема да бидете сигурни дали лаже или не.
Мрзлив тип
Постои разлика помеѓу невработен и вработен дечко. Ако само лежи , и не покажува никакви амбиции, тогаш веднаш оставете го.
Никогаш нема време
Убаво е ако вашиот дечко е вработен, но ако секогаш е презафатен да се види со тебе , значи дека не си му прва на листата, а тоа секако не е добро за врската.
 Денот на вљубените се ближи, но тоа не значи дека морате да останете во лоша врска. Ако вашиот дечко е еден од овие, подобро да се решите од него ш

loading...