Експертите откриваат кои грешки ве спречуваат конечно да ја намалите тежината!
Иако сите сме различни и најдобро е планот на исхрана да го приспособиме на себе, за да можеме долгорочно да го следиме, постојат неколку општи правила кои важат за секој кој сака да изгуби масти. Доколку не ги почитувате овие правила, грешите и токму тоа е причината зошто не слабеете, колку и да се трудите.
Не јадете протеини наутро
Нутриционистот Ентони Кофи вели дека првото нешто што го забележал кај 90% од неговите клиенти е тоа што тие не јадат протеини наутро.
„Започнувањето на денот со оброк богат со протеини доведува до тоа да согорувате повеќе калории во текот на денот, но и подолго ве држат сити, па ќе имате помала желба за грицки, вашето расположение ќе биде постабилно и нема да имате нагли падови на енергијата“, вели тој.
Чекате да огладнете за да јадете
„Најлошото нешто што го прават луѓето кои се обидуваат да ослабат е да чекаат да бидат доволно гладни за да јадат“, вели нутриционистот Кејтлин Баронс. „Често мислат дека ако прескокнат оброк или го поместат, ќе внесат помалку калории. Обично не е така, туку се гладни, а потоа се прејадуваат или немаат мотивација да јадат нешто здраво, туку ја земаат првата работа што им доаѓа при рака“.
Јадете премногу доцна
Ако јадете доцна навечер, се минирате себеси во намерата да ослабете.
„Мој совет е да јадете побогат оброк за ручек, вклучително и десерт, а супата или салатата, кои инаку би ги јаделе со ручекот, да ги оставите за вечера“, вели здравствениот советник Карли Бенкс.
Таа додава дека имала клиенти кои драстично слабееле јадејќи го истото што го јаделе, само ги замениле ручекот и вечерата.
Имате изговори
Диететичарката и нутриционист Емили Тилс смета дека најголемата грешка што ја правите со вашето здравје и изглед е тоа што имате изговори.
„Си давате право да кажете „Ќе вежбам утре“ и продолжувате да се оддалечувате од својата цел. Секој пат кога ќе си поставите цел и не ја следите, се осудувате да прифатите дека никогаш нема да се промените и дека работите никогаш не може да се сменат“.
Не јадете доволно
Ова звучи контрадикторно, но навистина е можно да се здебелите поради недоволно јадење, а тоа го потврдува и нутриционистката Кајли Бартон.
„Тоа не е добро за нивото на шеќер во крвта. Нерамнотежата на шеќерот во крвта, кога нивото расте и се намалува во текот на денот, е проблем број еден што предизвикува хормонски хаос. А кога има хормонски дисбаланс, не можете да изгубите тежина без разлика што и да правите. „Прескокнувањето на оброците или нередовните оброци му кажуваат на вашето тело дека не добива храна редовно, па метаболизмот се прилагодува на тоа и прави резерви за подоцна“, објаснува.