5 намирници кои ја поттикнуваат нормализацијата на крвниот притисок

Следните неколку намирници одлично помагаат во регулација на крвниот притисок, па затоа не би било лошо да се најдат и на вашата чинија.
Боровинки
Тие се преполни со флавоноиди, го намалуваат нивото на лошиот холестерол и го регулираат крвниот притисок. Боровинките се речиси секогаш достапни, а можете да ги додадете во појадокот или да ги јадете наместо вечера.
Цвекло
Едно истражување покажува дека пациентите кои консумирале сок од цвекло, покажале неверојатен напредок во намалување на крвниот притисок. Друга студија заклучува дека за тоа се заслужни нитратите во сокот кој го намалуваат притисокот во рок од 24 часа.


Компир
Калиум и магнезиум – два минерали кои помагаат во намалување на крвниот притисок, се наоѓаат во компирите. Компирот содржи и влакна кои се задолжителна состојка на секоја здрава диета.
Маслиново масло
Маслиновото масло благотворно делува на липидите во крвта и исто така го намалува крвниот притисок. Една од студиите покажува дека притисокот се намалува со почесто користење на маслиново масло.
Темно чоколадо
Содржи флавоноиди кои ги прават вените поеластични, а дека консумацијата на истите го намалува крвниот притисок е докажано во голем број истражувања. Дневно овозможете си околу 15 грама темно чоколадо со најмалку 70 отсто какао.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.