5 работи што треба да ги знаете за руската вакцина против коронавирус: На кого нема да му биде дозволено да ја прими?

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија регистрирала вакцина против корона. Тој рече дека руското Министерство за здравство ја одобри вакцината, која ја доби и неговата ќерка.

Колку долго ќе не штити? 

Вакцината ефикасно ќе заштити лице од коронавирусот две години по инјекцијата. Овој период на заштита се должи на вирусни вектори – безопасни човечки аденовируси кои доставуваат дел од  вирусот САРС-КоВ-2 до човечкото тело, принудувајќи го да формира имунолошки одговор на тоа.

Како се прима?

Вакцината се состои од две инјекции кои треба да се аплицираат во рок од три недели. Регистрацијата за вакцината беше извршена по серија тестови на животни и две групи од 38 волонтери. Така, Русите успеаја да докажат дека вакцината е безопасна и ефикасна во создавање имунитет за коронавирусот.

Кој ќе може да ја прими?

Луѓето на возраст меѓу 18 и 60 години кои немаат алергиски реакции на компонентите на вакцината и не се бремени, можат да ја примат новата вакцина. Сепак, оние кои страдаат од респираторни заболувања, ќе мора да почекаат додека не закрепнат.

Кој ќе ја прими прво? 

Вакцината во производството на Институтот Гамалеја првенствено ќе биде дистрибуирана на медицинските работници кои работат во оддели за ковид, а таа треба да стане достапна за пошироката јавност од 1 јануари 2021 година. Вакцината е регистрирана како Gam-Covid-Vac, а ќе биде дистрибуирана под името „Sputnik B“.

Како е можно да е толку брзо готова? 

Според зборовите на заменик-директорот на Институтот за истражување Гамалеја, д-р Денис Логунов, истражувањето на вакцината започнало во февруари годинава, а било завршено две недели подоцна. Ваквиот брз развој на вакцината се должи на претходните истражувања на МЕРС, кои во голема мера помогнаа да се создаде вакцина за ковид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.