Соодветниот сос, дури и од најобично печеното пиле или пропржениот стек, знае да направи гастрономско уживање.
Ова се 5-те сосови кои најдобро одат со вкусот на пилешкото месо:
1. Сос со бело вино
Состојки:
1/3 шолја ситно сечкан кромид
½ шолја пилешки бујон
¼ шолја суво бело вино
2 лажици бел вински оцет
2 лажици путер
2 лажици ситно сечкан копар
Во едно тавче ставете масло за готвење, па во него пропржете го кромидот 2-3 минути. Додадете го бујонот, белото вино и оцетот, па мешајте додека смесата не зоврие. Варете додека не добие густина, односно околу 5 минути.
На крај додадете го путерот и копарот, па уште еднаш промешајте додека путерот не се растопи. Прелијте со месото додека сосот е топол.
2. Сос со лук, јаворов сируп и рузмарин
Состојки:
2 лажици маслиново масло
2 чешниња лук
¼ шолја суво бело вино
¼ шолја пилешки бујон
2 лажици јаворов сируп
2 лажици сенф
¾ лажичка сечкан свеж рузмарин
Малку бибер
Во тава загрејте го маслиновото масло, па додајте го лукот. Динстајте 30-тина секунди со постојано мешање. Додадете ги сите состојки и варете околу 5 минути со повремено мешање.
3. Сос од мајонез и лимонов сок
Состојки:
¼ шолја мајонез
2 лажици бел оцет
1 лажица свеж лимонов сок
½ лажичка мелен бибер
¼ лажичка сол
1 мелено чешне лук
Изгмечете го лукот за да испушти течност, па во неа додадете ги сите останати состојки наеднаш. Промешајте 1-2 минути и сосот е готов! Најдобро се служи на подоладено месо.
4. Лут сос
Состојки:
1 лажичка рендан ѓумбир
2/3 шолја пилешки бујон
3 лажици мармалад од портокал
1,5 лажици соја сос
1,5 лажица свеж лимонов сок
¾ лажичка лут чили сос
Во тава на средна температура загрејте малку масло. Додајте го ѓумбирот, пржете 1 минута, па додадете ги другите состојки, со исклучок на лимоновиот сок и лутиот сос. Мешајте додека не зоврие, односно додека смесата не стане погуста.
На крај прелијте го лимоновиот сок и чили сосот, па добро промешајте пред да го натопите пилешкото во него.
5. Турски сос
Состојки:
½ шолја ратопен путер
½ шолја брашно
4 шолји пилешки бујон
Малку мајчина душичка
Сокот од печеното пилешко
Сол и бибер по вкус
Направете запршка од путерот и брашното, па оставете ја на страна. Во посебно тенџере ставете го пилешкиот бујон, мајчината душичка и сокот од пилешкото месо. Оставете да зовире.
Намалете ја температурата и додадете ја смесата од путер и брашно. Варете 10-тина минути, односно додека смесата не згусне. Зачинете, процедете за да ја извадите мајчината душичка, па прелијте го пилешкото.