Активисти на „Златна зора“ најавиле влез во Албанија, се поставуваат барикади

Активисти на албанската политичка партија „Црно – црвена Алијанса“ денеска поставија барикади на мостот кај Драготи, во близина на границата со Грција со цел да се спречи влез на членови на грчката неонацистичка партија „Златна зора“.

Претставници на грчката националистичка партија најавиле присуство во албанските јужни градови на утрешното одбележување на националниот празник на Грција во Албанија

Кај Драготи најавено е пратеници на  грчката „Златна зора“ да го посетат Манастирот каде според нив се гробиштата на паднатите борци  на Грција за време на Втората светска војна, јави дописникот на Макфакс.

Грчката партија најавила преку свои активисти во Албанија дека „Златна зора“ организира прослава на 28 октомври денот на ослободувањето на Грција во пет градови во Албанија и тоа во Ѓирокастро, Химара, Корча, Саранда и Пермет.

Пред утрешниот празник на ослободувањето на Грција во Албанија, албанската партија „Црно црвена Алијанса“ побара од владата во Тирана да го спречи влегувањето на пратениците и членовите на „Златна Зора“ во јужниот дел на Албанија, во спротивно активности на партијата ќе преземаат мерки за да се спречи влегување на грчките екстремни националисти во Албанија.

Пронајдете не на следниве мрежи: