Совршен ден за една дама-8 часа сон и 106 минути романтика

Што е иделен ден за една дама? Сигурно се прашувате долго време? Не е она на кое прво помислувате, не е ден поминат во салон за убавина, ниту пак во некој трговски центар. Идеално минат ден за една дама е сон кој траел осум часа и романтика во текот на денот 106 минути.Чудно зар не?

Денес дамите сакаат различни нешта за разлика од минатото, сакаат внимание, романтични гестови,прошетки во природа и тивка музика. Доколку сакате да разубавите ден на некоја дама, токму тоа треба да го сторите, да ја изведете на некое мирно место во природа, да и подарите цвет и да уживате заедно во 106 минути романтика. За многумина од вас е сигурно чудно сево ова, но денес многу повеќе се цени ваквиот гест и потег од посилниот пол, отколку вечера во некој елитен ресторан, скап подарок, битно е работите да бидат направени искрено и од срце. Никаква вредност немаат нештата, доколку се направени само за да се пофалите пред останатите, пред околината дека сте импресионирале некого.

Големината е токму во малите нешта, тоа ја прави секоја љубовна врска посилна и побогата од останатите. Сепак не е злато се што сјае, зар не?

Пронајдете не на следниве мрежи: