Џулија Робертс- видео

Loading...

Џулија Фиона Робертс е родена во Смирна, Џорџија, на 28 октомври 1967 година.

Никогаш не сонувала дека ќе стане една од најпопуларните актерки во Америка.

Како дете, поради нејзината љубов кон животните, Џулија  сакала да биде ветеринар, но подоцна студирала новинарство. Кога нејзиниот брат, Ерик Робертс, постигнал одреден успех во Холивуд, таа одлучила да се обиде во светот на филмот.

Нејзиниот најголем успех го доживува со романтичната комедија Pretty Woman (1990), за која добива номинација за Оскар.

Џулија исто така, e активен член на  УНИЦЕФ добротворната организација со која направи посети на многу различни земји, вклучувајќи ги Хаити и Индија, со цел да ја промовира добрата волја во светот.

Џулија е една од најбараните таленти во Холивуд.

Следува сцена од филмот “Ерин Брокович”

 

 

 

Погледнете ги следниве статии

“Убава жена”

Al Pacino снима филм за John Lennon

Џорџ Клуни во реклама за кафе

loading...
Loading...