Германскиот композитор Ханс Вернер Хенце, кој се смета за еден од најголемите музички дејци во современата музичка уметност, почина во 87-та година од животот, соопшти музичката издавачка куќа Schott.
„Ханс Вернер Хенце почина во саботата на 27-ми октомври во градот Дрезден. Издавачката куќа Schott ги објавуваше делата на Хенце изминатите пет децении. Со длабока благодарност се простуваме од композиторот“, се наведува во соопштението на Schott.
За време на неговата уметничка кариера, Хенце компонирал повеќе од 200 различни дела, вклучувајќи симфонии, музика за балетски претстави и избрани парчиња за пијано, за дувачки и гудачки инструменти.
За неговиот придонес во уметноста, Хенце доби неколку престижни награди, вклучувајќи ја и таа во 1990 година Наградата на Ернст фон Сименс, една од најпрестижните светски награди во областа на музиката, којашто музичарите ја споредуваат со Нобеловата награда.
Пронајдете не на следниве мрежи: