“Во оваа земја, прво мораш да заработиш пари. Потоа, откако ќе ги имаш парите, ќе добиеш моќ. А откако ќе ја добиеш моќта, тогаш ги добиваш жените.”– Tony Montana, “Scarface” (1983)И тогаш добиваш луксузни куќи.
Добредојдовте во американскиот сон на Tony Montana, огромен имот направен во стилот на “Roman Revival”опкружен од палми и медитерански градини.
Екстериерот на овој имот послужи како дом на Tony Montanaво филмот “Scarface” од 1983 година. Иако во филмот се вели дека се работи за место во Miami, овој имот е всушност лоциран во Santa Barbara, California.
На овој имот има две фонтани (една внатре и една надвор), базен, скулптури, гостинска куќа и нуди одличен поглед на Тихиот Океан. Внатре има четири спални соби и две мали и две големи бањи.
Овој имот се издава по цена од 30.000 долари месечно. Ако ова ви делува многу, што би кажале кога би знаеле дека порано цената на овој имот изнесувала неверојатни 150.000 долари месечно, или 35 000 000 долари за тие што сакале да го купат.
Имотот е познат под името “El Fureidis”во околината, дизајниран е од Bertram Grosvenor Goodhue, а бил завршен во 1906 година. Овде гангстерите навистина можат да се сместат и да уживаат.
Само треба да ги заработат парите претходно.
Погледнете ги и следниве статии:
Кои се најголемите нарко-босови на сите времиња?
Бидете самите коктел мајстори
Животот е убав кога си еден од соосновачите на YouTube.
Пронајдете не на следниве мрежи: