Стонер во Австралија до шестата победа по ред

Кејси Стонер стигна до шестата победа во Австралија, додека пак Хорхе Лоренцо ја осигура титулата со тоа што заврши веднаш зад првопласираниот на оваа трка.

Шеста победа по ред пред домашните навивачи на Кејси Стонер во ниту еден момент не дојде во прашање, но, одличното возење на Австралијанецот се чини падна во сенка на тоа дека на „Филип Ајланд“ беше крунисан новиот шампион во светот, Хорхе Лоренцо.

Второто место на трката зад Кејси Стонер го доби возачот на Јамаха Хорхе Лоренцо. Дани Педроса својот настап го заврши со излетување од трката уште во вториот круг.

Резултати…

1.       Стонер (Хонда) 41-01,324

2.       Лоренцо (Јамаха) +9,223

3.       Кручиов (Јамаха) +14,570

Вкупен поредок…

1.       Лоренцо 350 бодови

2.       Педроса 307

3.       Стонер 238

Пронајдете не на следниве мрежи: